Надал немилосрден – Кралот на земјата му одржа лекција на Ѓоковиќ и се пласира во финалето во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рафаел Надал во 1/2 финалето на АТП турнирот во Мадрид го победи Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови.

Во воведниот гем од првиот сет Надал не му дозволи на Ѓоковиќ на негов сервис да освои поен, па шпанецот поведе со 1:0. Шпанскиот тенисер во третиот гем ја искористи единствената брејк топка, 3:0. Надал потоа сигурно сервираше и првиот сет го доби, 6:2.

Надал повторно го одзеде сервисот на Ѓоковиќ на почетокот на вториот сет, 1:0. Ѓоковиќ успеа да направи брејк во четвртиот гем и да го израмни резултатот, 2:2, но на негов сервис повторно лошо одигра и Надал повторно имаше водство, 3:2. Надал беше сигурен на својот сервис и го доби натпреварот, 6:4.

Надал во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Тим – Куевас.