Намалувањето на килограми можело да го чини многу: Имав вртоглавици и повраќања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов е главна тема на муабети во светот на спортот последнов период.

Со победата над Конор МекГрегор потврди дека моментално е најдобар борец во лесна категоријата  во UFC, но лесно можеше да се случи и да не ја помине вагата пред борбата.

Откри дека имал повраќања и вртоглавици, бидејќи прерано ги смали килограмите.

„Добро спиев ден пред борбата, но затоа што претходно не можев никако да спијам. Имав сериозно намалување на килограмите, но успеав да ослабнам дури седум часови пред да започне мерењето. Тогаш започнаа вртоглавици и повраќања. Се чуствував многу лошо“, рече Кабиб и додаде:

„Доколку ја изгубев борбата веројатно немаше за ова да коментирам, бидејќи веднаш сите ќе мислеа дека барам причина за поразот. На крајот се помина добро, победив, но се чуствував многу лошо“, истакна Кабиб.

Победата над Конор МекГрегор му беше 27. во кариерата од исто толку борби.