Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласираше во ново финале на Гренд Слем турнирот.
Таа денес ја порази Каролина Плишкова и избори финале на АП, што е второ Гренд Слем финале за неа во само неколку месеци. Таа во септември беше во финалето на УС опен.
Таа денес имаше тешка задача, бидејќи играше против далеку поискусната Плишкова, но после голема борба успеа да ја порази со 2-1 во сетови.
Првиот сет и припадна на Јапонката, која после два брејка успеа да слави со 6-2. Плишкова во продолжението израмни на 1-1 во сетови, добивајќи го вториот сет со 6-4.
Осака беше присекба и подобра во одлучувачкиот сет, па успеа да слави со 6-4, за пласман во финале.
Таму ја чека Петра Квитова, која нешто порано ја порази Даниеле Колинс. Ова ќе биде прв двобој на споменатите тенисерки.
Кога е во прашање денешната програма на АО, следи мачкото полуфинале во кое ќе играат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.