Наполи без поддршката од навивачите на натпреварот против Јувентус

    Фудбалерите на Наполи ќе го играат големото италијанско дерби на гости во Торино без навивачи.

    Таква одлука донесе вчера Министерството за внатрешни работи на Италија, а тоа е поради сите немири што се случија во последните натрпевари на овие два клуба.

    Фудбалерите на Наполи така останаа лишени од присуство на своите навивачи, а секторот за нивните навивачи на стадионот во Торино ќе биде затворен.

    Потсетуваме дека овој натпревар ќе се одигра на 29. октомври.