Наполи доведе напаѓач за 18 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иван Јуриќ денеска потврди дека Наполи ќе добие нов напаѓач.

Напаѓачот на Џенова, Леандро Паволети, се одлучи да го напушти тој тим и да се пресели во Неапол каде што ќе заигра за Наполи.

Тоа денеска го потврди и Иван Јуриќ, тренер на екипата на Џенова, после што ја прослави победата против Фиорентина од 1:0.

„Се надеваме дека еднаквбо добар напаѓач ќе дојде наместо него. Лоши вести се ова за нас, тој е добро момче кој се грижеше до боите на дресот кој ги носеше.

Во летото одбивме понуда од Наполи, но изгледа дека сега се одлучи да замине“, рече Јуриќ после мечот.

Италијанските медиуми споменуваат сума од 18 милиони евра колку што ќе плати Наполи за овој 28-годишен напаѓач.

https://www.youtube.com/watch?v=AO17SIlAfCw