Наполи знае како да ги потроши парите од продажбата на Игуаин


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Кога Наполи минатото лето го продаде Игуаин за 90 милиони евра многумина очекуваа дека италијанскиот тим за тие пари ќе донесе неколку засилувања.

    Тоа до крајот на летниот трансфер период не се случи, а од големите засилувања пристигна само Милик кој несреќно се повреди и така го стави на маки менаџерот Маурицио Сари.

    На Наполитанците им останаа многу пари „во касата“ и најверојатно дека вистинскиот шопинг за нив ќе започне во јануари, кога е во план да се донесе Андреа Белоти, кој едноставно блеска во оваа сезона.

    Овој 22-годишен Италијанец во досегашните 11 натпревари постигна 10 гола и се наоѓа на првото место на листата на стрелци заедно со Џеко и Икарди, а за неговите услуги Наполи е подготвен да одвои 40 милиони евра. А според италијанските медиуми, првиот контакт веќе е и воспоставен и сега се чека на договорот.

    Андреа Белоти благодарение на одличните настапи стана и репрезентативец на својата земја, а во јануарскиот трансфер период ќе биде на слатки маки. Освен Наполи, за него се заинтересирани и Манчестер Сити, Арсенал и Лестер.