Наполи одби понуда која можеше да влезе во фудбалските анали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Ауроелио Де Лаурентис за италијанските медиуми изјави дека уште еднаш одбил да го продаде Калиду Кулибали.

Овој одличен стопер веќе долго време е на мета на неколку европски великани, а Де Лаурентис признал дека неодамна е одбиена понуда тешка 105 милиони евра.

Да би била понудата прифатена 27 годишниот Сенегалец би станал најскапо платен дефанзивец во историјата на фудбалот, затоа што досега ниту еден дефанзивец нема направено трансфер од 100+ милиони евра. Моментално рекордер е Вирџил Ван Дијк, кој од Саутемптон премина во Ливерпул за 78,8 милиони евра.

„Ние сме клуб кој и тоа како сака да развива млади играчи и да ги задржува на подолг период. Одбивме 105 милиони евра за Кулибали, а тоа е нешто што никој порано не го понудил за стопер, а ова е знак дека тој е врвен играч“, рече Де Лаурентис.

Не е познато кој клуб ја пратил понудата, но најверојатно тоа бил Манчестер Јунајтед кој засилено бара засилување во одбраната.

Кулибали оваа сезона има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувања, а во Наполи пристигна во 2014. година од Генк за само осум милиони евра.