Наполи одма реагира, овие се можни замени за Милик!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Нема многу чекање, Полјакот е изгубен за поголем дел од сезоната, треба да се реагира…

    Како што и рековме голем удар за Наполитанците, за тоа што се случи на нивниот најдобар стелец можете да прочитате овде.

    Но, не очајувајте, под Везув веќе прават план како да го заменат Полјакот. Мораат да купуваат на зима, се споменува Паволети од Џенова, но тоа нема да биде лесна мисија.

    Во овој момент инстант решение може да биде некој од фудбалерите кои не нашле клуб и можат да потпишат договор.

    Прво име е Клосе, Германецот има многу искуство, се смета за идеален за играта која ја форсира Сари, преку крилата со доста центаршутеви.

    Но, има уште варијанти, да речеме Адебајор кој не ги помина лекарските прегледи во Марсеј, потоа Маруан Шамак, Бербатов, па и Дани Освалдо.

    Една од варијантите за зима е и враќање на Дуван Запата од Удинезе.

    Многумина се сложуваат дека ова е шанса на кариерата за Габијадини кој сега ќе биде прв избор и мора да покаже дека вреди.

    Беше во сенка на Игуаин, сега и на Милик, но во овој момент нема конкуренција, па голема одговорност ќе биде на овој фудбалер.