Насри: Ми беше јасно дека нема да играм кај Гвардиола!

Трансферот во Севиља за Насри беше одличен потег во кариерата.

Насри не беше задоволен во Сити па летото одлучи да оди на позајмица во Севиља, а со тој трансфер и се прероди.

„Имав добра пред сезона но ми требаа промени. Ми беше јасно дека нема да играм кај Гвардиола, иако имав желба да останам“ -изјави Насри

„Минатата сезона имав многу повреди. Очигледно беше дека ми треба нешто ново, свежо и поубаво, а тоа го пронајдов. Се чувствувам одлично“ – изјави Насри

Во 10 натпревари во дресот на Севиља постигна 2 погодоци и само еднаш се запиша во листата на асистенции.