До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер Рајан Гигс, кој целата своја 23-годишна долга сениорска кариера ја помина во Манчестер Јунајтед ,во интервју кој неодамна го даде за британските медиуми го допре и најголемиот ривал на неговиот некогашен клуб – Ливерпул.
„Кога имав седум години се преселив од Кардиф во Салфорд. Буквално пораснав да учам да не ги сакам луѓето од Ливерпул“, почна да зборува човекот кој покрај Алекс Фергусон се смета за најголем синоним за клубот од Олд Трафорд и порача:
„И како дете имав големо ривалство против екипата од Ливерпул. Кога доаѓав дома баба ми зборуваше – ти си навивач на Манчестер. Никогаш не би го тренирал Ливерпул. Едноставно не. Тоа не е непочитување кон Ливерпул, веќе едноставно не сакам. Повеќе нема да имам пријатели. Сигурен сум дека и Стивен Џерард би го рекол истото – не!“.
Некои луѓе навистина се лојални на своите принципи.















