Национал пред полн стадион се прости од настраданите (ВИДЕО)


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Стадионот на Атлетико Национал синоќа беше исполнет до последното место.

    Навивачите на овој клуб требаше да навиваат за својот тим против бразилскиот Чапекоенсе, но натпреварот во финалето на Копа Судаамерикана го спречи страшната несреќа во која загина скоро цел бразилски тим.

    Меѓутоа, навивачите на колумбијскиот тим синоќа се појавија на трибините. Тие на вечно мирување ги испратија фудбалерите на бразилскиот клуб, а навивачите пееа песна во чест на загинатите фудбалери.

    „Никогаш нема да ги заборавиме шампионите“, пееа навивачите на Национал, а од нивниот стадион беа пуштени и бели гулаби.