Нашиот капитен Лазаров убедливо прв на листата на стрелците на Мундијалот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кирил Лазаров со 44 гола е прв на листата на стрелците по завршувањето на групната фаза на Мундијалот. Зад него се наоѓаат Тунижанецот Банур со 34 и Серхио Лопес од Ангола со 33 гола.

Лазаров со 8,8 погодоци по натпревар ја одигра својата најдобра групна фаза во кариерата и потврди дека на ова големо натпреварување дојде максимално подготвен.

Лазаров на Светското првенство во Хрватска беше најдобар стрелец, а покрај на Мундијал беше „крал” на головите и на Европско првенство и во Лигата на шампионите.