Најдобрите македонски судии номинирани и за ЕП во Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Македонската ракометна судиска двојка: Начевски и Николов се најде на списокот на номинирани судии за претстојното ракометно првенство кое од 12 до 28 јануари следната годдина, ќе се одржи во Хрватска.

Во сегашната група се 14 судиски парови кои на крајот на месец август ќе бидат дел од семинарот за подготовки што ќе се одржи во Виена, по што ЕХФ ќе ги соопшти имињата на 12 двојки кои ќе бидат дел од европскиот шампионат.

Нашите судиски претставници ја уживаат довербата и кредибилитетот кај ЕХФ, па отука шансите тие да не се најдат на завршниот турнир се минимални.