На Гатузо му се ближи крајот, Милан најде решение?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека доколку Рино Гатузо не ги добие наредните два меча ќе ја изгуби работата. Во клубот веќе нашле решение?

Милан чека, но Гатузо нема многу време. Не му дале одреден рок, но доколку не победи во наредните мечеви може да добие отказ.

Наводно, иако клубот го демантира тоа, Леонардо сака што порзо да ја реши ситуацијата, разочаран со од играта и поразот во дербито.

Најдена е замена, макар и од летото.

Имено, Роберто Донадони, поранешниот соиграч на Малдини од златните денови на Милан би можел да ја превземе клупата и да проба да се избори за доверба до летото.

Поранешниот тренер на Болоња и претходно беше потенцијален кандидат, но никогаш не доби шанса, а се зборуваше дека е во лоши односи со Берлускони.

Сега можеби ќе добие шанса, доколку Гатузо добие отказ.