На Икарди баш му тргна, сега се вмеша мафијата!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Капитенот на Интер е тема на денот, денеска од сопствените навивачи го чека навреда, а се појави и нова приказна…

    Автобиографијата на Мауро Икарди ги разбесни навивачите на Интер, тие денеска ќе му приредат пекол во натпреварот Интер и Каљари.

    Но, новите наводи повторно ги заинтригира јавноста.

    Маурито се закануваше на жената на најдобриот пријател Макси Лопез што поголем дел од колегите го осудија, но за тоа јавноста не се изјаснува.

    Од друга страна, Марадона не зборуваше баш со бирани зборови за сонародникот, а постојат и шпекулации дека самиот Лео Меси, инаку пријател со Макси Лопез го блокираше повикот на капитенот на Интер во репрезентацијата.

    Приказната сега продолжува, италијанскиот новинар Монти тврди дека Макси Лопез одбил помош од мафијата да се одмазди на Икарди.

    Имено, Сицилијанците кои го обожаваат Лопез од времето кога играше за Катанија наводно му понудиле помош, го прашале дали сака на Икарди да му го скршат коленото и да му завршат кариерата, што овој одби.

    Целата приказна отиде предалеку, поранешната жена на Макси Ванда Нара која е причина за кавгата меѓу двајцата Аргентинци веќе реагираше тврди дека се во прашање измислици, но ова е тема на денот на Апенините.

    Сега веќе прерасна во латино-новела, Макси Лопез кој игра за Торино не се огласи, а Икарди кој со головите го држи Интер во горната половина на табелата навистина стана човек за кого се зборува и тоа воглавно од погрешни причини, иако на теренот пружа одлични партии.