На кого ти „будала“? Тренер суспендиран поради навреда


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Баер Леверкузен Роџер Шмит е казнет од страна на Бундеслигата поради неспортско однесување на натпреварот со Хофенхајм.

    Во поразот на неговата екипа од 3:0, Шмит ги загуби нервите па во еден момент тргна да го навредува колегата од спротивната страна, младиот Хулијан Нагелсман.

    „Дали е можно да си толкава будала? Подобро би било да замолчиш“, викаше Шмит.

    Поради овој гест, 49-годишниот тренер е суспендиран на два меча, а ќе мора да плати казна од 15 000 евра.

    Шмит и порано имаше проблем со дисциплината, кога во февруари во текот на натпреварот со Борусија Дортмунд одби наредба од судијата да го напушти теренот.

    А ова е сликата на Шмит и Нагелсман како срдечно се поздравуваат пред почетокот на мечот…