На никого не му е јасно кај се наоѓа Месут Озил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал утре играат натпревар во Европската лига против Бате Борисов.

Лондонскиот клуб има високи амбиции во ова натпреварување бидејќи многу лесно може да се случи ова да биде единствен начин за пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона. Арсенал првиот натпревар го игра утре, а играчите на овој тим отпатуваа денес за Белорусја.

Главна тема во англиските медиуми денес е Месут Озил, за кого никој не знае што се случува. Озил е далеку најплатен играч на Арсенал, но оваа сезона едноставно го нема на мапата.

Навивачите на Арсенал не можат да се сетат кога Озил врзал неколку натпревари, а во последно време воопшто го нема во конкуренција за натпреварите иако нормално тренира со тимот. Озил утре нема да игра против БАТЕ бидејќи не отпатува со тимот.

Покрај Озил во Белорусија не отпатува ниту Соктратис и Арон Ремзи кои имаат помали проблеми со повредите. Од првата минута за прв пат треба да заигра Денис Суарез кој пристигна како засилување од Барселона.