До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Новиот Меси“ како што го нарекуваат островските медиуми, Карамоко Дембеле, ќе има светла иднина.
Тој неодамна дебитираше за У20 тимот на Селтик иако има само 13 години и така стана најмлад дебитант на оваа возраст.
Освен тоа, доби и повик за кадеската репрезентација на Шкотска и веќе во наредниот месец ќе има шанса да дебитира.
Приказната за него се шири низ целиот свет, а дојде и до челниците на Манчестер Сити кои наводно имаат намера да го ангажираат во своите младински категории бидејќи во него препознаа огромен потенцијал.
Ако тоа и се оствари, пред младиот Дембеле е сигурно светла иднина.















