ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше исклучен на натпреварот против Вест Хем. Поради големите протести во врска со падот на Пол Погба во казнениот простор и шутирањето на пластични шишиња, судијата Џон Мос го испрати на трибините на „Олд Трафорд“.
Овој исход веројатно ќе му донесе и нова казна на португалскиот стратег кој оваа сезона и не му оди баш добро со Манчестер Јунајтед. Претходно поради конфликт со судијата Марк Клатенбург доби забрана за водење на тимот на еден натрепвар, а сега казната би можела да биде и поголема.
Англиските медиуми тврдат дека Мурињо од Фудбалската асоцијација на Англија веројатно со парична казна ќе добие и два натпревари суспензија. Јунајтед вчера не успеа да го пбоеди Вест Хем, а мечот заврши со резултат 1:1.