„На Сити се потребни и Агуеро и Жесус“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стратегот на Манчестер Сити зборуваше за тоа колку Аргентинецот е важен за неговиот тим, а го пофали и новајлијата од Палмеирас.

Се почесто во медиумите кружат приказни дека Серхио Агуеро може да го напушти Итихад.

Пишувавме за неговите несогласувања со Гвардиола, како и за понудите кои ги има од Италија и Шпанија, а повеќе за тоа ТУКА.

Сепак, според зборовите на шпанскиот стратег Кун е “важен шраф“ во неговата машинерија, и се дека поранешниот тренер на Барса и Баерн тешко ќе се откаже.

„Во квалитетот на Серхи никој не се сомнева. Можам да кажам дека сум многу среќен со неговиот учинок досега, освен во тие седум натпревари кога беше казнет.

Големите  европски клубови секогаш имаат многу напаѓачи, дури и овде беше таков случајот кога во клубот беа Балотели, Тевез, Серхио и Џеко. Во големите клубови, Реал, Барселона, Јувентус исто така има таква ситуација. Да речеме во Мадрид, Мората не игра. Големите клубови имаат потреба за голем број на напаѓачи, а ги имаме и ние“, изјави Гвардиола.

„Серхио останува најважен или еден од најважните играчи во нашата екипа. Без него ништо не би било можно.

Играше на сите натпревари освен во Барселона поради тактички причини и еднаш кога се врати од Аргентина. На останатите натпревари на кои не беше казнет секогаш играше и тоа добро“, додаде шпанскиот стручнак.

 

Гвардиола е импресиониран и од Габриел Жесус, најновото засилување на Граѓаните од редовите на Палмеирас.

Стигна суперталентираниот 19-годишен за 27 милиони фунти и одма почна да се исплатува.

Во својот втор настап во Премиер лига го запиша својот прв гол и прва асистенција во елитното англиско натпреварување, а и во ФА Купот успеа да забележи една асистенција.

Шефот на стручниот штаб на тимот од Итихад е задоволен со неговото залагање, а посебно му е драго што Бразилецот од ден во ден се подобро знае англиски јазик.

„Тој има само 19 години но брзо се прилагоди. Зборува доволно да не разбере. Секој ден има часови и тоа нас многу ни значи.

Сакаме да се адаптира што е побрзо можно. Во три натпревари во кои настапи покажа голема желба, ни помогна со високиот интезитет во фазата на пресинг, со своето движење во противничкиот шеснаесетник.

Дури и кога ќе дојде на средината на теренот умее добро да подели топка на своите соиграчи, па така сме задоволни со него“, рече Гвардиола.

Стратегот на Манчестер Сити инсистираше и на тоа дека Габриел и Агуеро може заедно да играат во составот.

„Во Бразил, Габриел играше на левата страна, тој сака да игра лево, со неговите дијагонални движења како во минатиот меч.

Тие двајца може да играат заедно бидејќи Габриел не е само тој единствен позади, тој е одличен во шеснаесетникот, голем борец е“, рече поранешниот тренер на Барселона и Баерн.