Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ракометарките на Вардар СЦЈС ќе гостуваат во Шведска кај Хоорс во натпревар од осминафиналето на Челинџ Купот. Натпреварот е закажан од 15 часот.
Реваншот ќе се игра на 12-ти февруари во 13 часот во СЦ Јане Сандански.
Целта на Вардар СЦЈС е да се повтори минатогодишниот успех кога стигнаа до четвртфинале.
Подготовките ги започнаа, а покрај настапот во Челинџ Купот имаат и тешка задача во домашното првенството и купот. Минатата година беа вицешампиони, а оваа година атактуваат на истиот успех.
Швеѓанките минатата година стигнаа до четвртфинале кога беа елиминирани од Рандерс, а во сезоната 2013/14 Хоорс беше победник на Челинџ Купот.