Неверојатно – Јувентус повторно пронајде одлично засилување за кое не мора да плати!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    бваВо оваа сезона без оштета во Торино стигна Дани Алвеш, сега фудбалер на Манчестер Сити може по неговите чекори.

    Според наводите на Скај Спортс, Јувентус е заинтересиран за во своите редови да го доведе фудбалерот на Граѓаните и аргентински репрезентативец Пабло Забалета.

    Аргентинецот судејќи според се не е во плановите на Пеп Гвардиола,  шпанскиот стратег сака да ја подмлади одбраната, се зборува дека прв на листата за отпуст е токму Забалета.

    Јуве тоа може да го искористи, бидејќи на 31-годишниот фудбалер на крајот на сезоната истекува договорот, и на лето може да стигне во редовите на Старата дама без оштета.

    Спортскиот сектор на Бјанконерите уште еднаш покажа дека одлично го чита пазарот, на почетокот на минатата сезона без потрошен цент го доведоа Сами Кедира, а во ова лето во Торино на тој начин стигна и Дани Алвеш од Барса, а соевремено така го доведоа и Пирло.