Невозможната мисија на Милан, размена со Рома?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    “Росонерите“ во оваа зима ќе бидат меѓу најатрактивните на пазарот, сега се заинтересирани за еден од најдобрите во Рома.

    Вчера пишувавме за интересот на Милан за офанзивецот на Аталанта, повеќе за тоа ТУКА.

    Изгледа дека Монтела баш се реши да го засили напаѓачкиот потенцијал на оваа екипа, како што е сега спремен да го нападне најдобриот напаѓач на Волчицата.

    Како што пренесува “calciomercato.com”, Милан е заинтересиран за најдобриот стрелец на Серија А во оваа сезона, репрезентативецот на БиХ Един Џеко.

    Овие два клуба досега работеа многу добро, Олимпико со Сан Сиро го заменија Ромањоли и Бертолачи, додека во спротивна насока соевремено замина Ел Шарави.

    Сега Милан има нешто подруг договор на ум, во целиот трансфер ќе вклучи еден свој напаѓач.

    Имено, идниот спортски директор на Милан Мирабели беше на Олимпико во минатиот викенд, со цел да проба да се договори со управата на Волчицата размена, каде што Џеко би преминал во Милан, додека Карлос Бака би заминал во претстолнината.

    Доби нормално негативен одговор, Милан сепак не се откажува, доколку не издејствува договор во јануари, истото ќе проба да го направи и во летниот преоден рок.