Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Металург ги започна своите подготовки за претстојната сезона, а левиот бек Марко Нелоски не се појави на првиот собир, откако тој во финишот на минатата сезона побара исписница од клубот, со кој има договор и следната сезона.
За играчот заинтересирани беа Магдебург, Пелистер и Вардар, но од ова засега нема ништо конкретно.
Од Метлаург бараат оштета во висина од 30.000 евра за играчот, а доколку некој ја плати бараната сума играчот може да си замине.
Ангажман сеуште нема, а Металург 2 му упати покана да се појави на прозивката кај нив, но најверојатно играчот нема да се појави.
Разрешницата на оваа ситуација најверојатно ќе има во следните денови, пренесува порталот 24ракомет.мк