До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пеп го гледаше идниот ривал и остана вчудоневиден од тоа колку е фудбалот суров…
Манчестер Сити ќе го угости опасниот Саумптон во овој викенд во Премиерлигата, а Гвардиола го гледаше клубот во ЛЕ против Интер.
„Фудбалот е суров. Ги растурија Италијаните, имаа пет или шест одлични шанси, но загубија“, рече Гвардиола.
„Интер делуваше немоќно, не ни шутнаа на голот, но победија. Навистина страшно, но импресиониран сум од Сатемптон, баш се плашам од мечот“, рече Гвардиола кој се чуди како Интер е така слаб.
Де Бур и Интер инаку беа соиграчи во Барселона на крајот на деведесеттите.
Кога Интер е во прашање и покрај победата во ЛЕ, притисокот расте. Навистисна славеа против Саутемптон, но играта беше очајна. Тешко дека ќе имаат толку среќа, ако не ја подигнат формата во недела во Бергамо, во црно-синото“ дерби во Ломбардија.
Медиумите не се откажуваат, му бараат замена на Холанѓанецот, бидејќи како што тврдат, тимот игра полошо отколку под Манчини што е подвик сам по себе.
И понатака како прв кандидат се појавува Фабио Капело, иако неговиот син демантираше дека „Дон Фабио“ ќе седне на клупата на Интер.















