Некоја нова Рома – прв пик е „класичен Мончи“ цената е 20 милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


А стигнува од Бордо…

Интер и Севиља фрлија око, но како што пренесуваат медиумите на Чизмата – Рома од трката ќе излезе како победник.

Наградата е, Малком, 20-годишниот крилен фудбалер кој треба да стигне од Бордо.

Вест која доби на значај кога се знае дека за неговото доведување инстистира судејќи по се новиот спортски директор на Рома Мончи, бидејќи сите паметиме какви погодоци имаше додека работеше во Севиља.

Изгледаше дека понекогаш може да промаши, а Малком совршено се вклопува во профил на играч каков што Мончи форсираше во Андалузија.

Се работи за Бразилец кој потекна во Коринтијанс. Во јануари 2016 година го напушти родниот Сао Паоло и се пресели во Франција. Финансиските детали не се официјално соопштени, но се пишуваше дека Бордо за 50 % од договорот на Малком на Коринтијанс плати 5 милиони евра.

Се проценува дека Рома сега ќе мора да оди значително повеќе. Некаде околу 30 милиони евра.

Малком, кого во Бразил го споредуваат со Робињо, во оваа сезона постигна шест лигашки голови за Бордо и намести уште три.

Созревањето веројатно го успори тоа што Жиродинците во минатите година дена променија дури три тренери, почнувајќи ов Виљи Сањол, па Рамеа сега Гувернек.

Но во Рома….Мохамед Салах, Стефан Ел Шарави, можеби и Малком? Личи на тим на Мончи.