Некој нов Одегард? Баерн, Барса, Арсенал и Манчестер го следат!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Момчето по име Бери Гилмур го следат најголемите светски клубови, иако има само 15 години.

    Се поместија границите за трансфери кога се младите играчи во прашање, големите клубови не пропуштаат на случајност и доведуваат играчи пред нивите 18 години со цел на нив да заработат или со цел да не чекаат да им порасне цената во иднина.

    Тоа се потези се меч со две острици, никогаш не знаете дали тие ќе успеат, дали раната слава ќе им се удри во глава или ќе остане свој и ќе продолжи да тренира во полна пареа.

    Меѓу играчите кои може да направат бум во светот на фудбалот во иднина се наоѓа и Бери Гилмур, млад фудбалер на шкотски Ренџерс.

    Тој со своите игри заинтересира голем број на клубови кои се спремни да платат богатство за него иако има само 15 години.

    „Барселона дојде да го гледа додека играше за Шкотска против Франција, велат дека потсетува на Чави и Иниеста поради своите технички карактеристики“, пишуваат шкотските весници.

    Покрај Барса, Арсенал, Баерн и Манчестер Јунајтед го следа и го сакаат штом ќе наполни 16 години.

    Ренџерс нема да може да парира со понуда, а на младиот играч е да одлучи како е најдобро за неговиот развој…