До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најдобрите дефанзивци на денешницата Џерар Пике смета дека Манчестер Сити е на вистински пат да стане еден од најдобрите светски клубови.
Иако како јуниор настапуваше за Манчестер Јунајтед, Пике прилично многу го симпатизира Манчестер Сити, клуб со кој утре ќе игра во рамките на третото коло од Лигата на шампионите со својата Барселона. Истотака, Пике го допре и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола.
„Манчестер Сити оди во вистински правец со Гвардиола. Морам да речам дека е многу подобар избор за Сиит тој во однос на Мануел Пелегрини. Се сеќавам од периодот во Барселона, остави длабока трага на секој поединец, а и на целиот тим. Само имам пофални зборови за него бидејќи тој ми укажа бескрајна доверба. Да не беше тој, не би бил тоа што сум сега“, рече Шпанецот.















