Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Барселона Луис Енрике рече вчера дека оти се надева дека неговата екипа и после мечот во вторник ќе остане непоразена на Ноу Камп во дуелите со Атлетико Мадрид.
За да стигне до финалето на Купот на кралот, Атлетико мора да направи нешто што не го направи повеќе од една деценија – да ја победи Барселона на Ноу Камп.
Атлетико, покрај тоа, мора и да ја стигне предноста на Барселона од првиот меч од 2:1.
„Се надевам дека ќе помине уште една година пред да не победат на Ноу Камп“, рече Енрике.
Барселона се бори за четврти по ред пласман во финалето на Купот на кралот, а за тоа ќе биде доволно и реми или пораз од 1:0.
„Тие мора да победат, мораат да постигнат барем два гола, па можеби ќе видиме Атлетико кој повеќе ќе ризикува. Веројатно ќе видиме некоја нова ситуација“, рече Енрике.
„Резултатот од првиот меч е добар, но мислам дека не постои ниту еден играч во нашиот тим кој мисли дека се е готово. Би било смешно да мислиме дека ќе биде лесно“, додаде тој.
Атлетико два гола на Ноу Камп последен пат постигна во септември 2009 година во поразот од 5:2. Екипата од Мадрид во Барселона последен пат славеше во февруари 2006 година.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на кралот се игра денеска од 21:00 часот.