До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Икарди е главна тема во италијанските медиуми се чини дека сега навивачите ја преминаа секоја мерка.
Автобиографијата која аргентинскиот напаѓач ја објави направи вистински лом на Чизмата.
Прво навивачите на Интер од Икарди бараа да ја остави капитенската лента, потоа се појави цела приказна дека може да се вмеша сицијаланската мафија, а сега ултрашите пробаа да му наштетат на имотот на фудбалерот.
Имено, 40-тина навивачи пробаа да го уништат автомобилот пред неговата резиденција, по враќањето напаѓачот на Интер од натпреварот во кој Нероаѕурите доживееја пораз од Каљари.
Според зборовите на очевидците, хулиганите си заминале дури кога се појавил човек од обезбеувањето опасен со огнено оружје. Тој имено го испрати Икарди до дома, што беше знак за ултрашите да се повлечат.
Сепак, сопругата на аргентинскиот фудбалер, поради што се и почна пред неколку години, Ванда Нара изјави дека таа и нејзиниот сопруг бев никакви проблеми стигнале дома.
Од управата на Интер е веќе објавено, дека поради оваа ситуација ќе разговараат со Икарди за неговиот статус капитен.















