До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Искусниот дефанзивец на Јувентус Патрис Евра го заборави конфликтот со Луис Суарез.
Суарез во времето додека настапуваше за Ливерпул во натпреварот против Манчестер Јунајтед на расна основа го навреди Евра и потоа заработи суспензија од осум натпревари, но тој конфликт Французинот веќе го архивираше.
„Кај мене не постои зборот омраза, само љубов. Луис е врвен играч, најдобра “деветка“ на целиот свет“, порача Евра.
Вреди да се потсетиме дека уругвајскиот напаѓач ја доби наградата Златна топка како најдобар напаѓач во Европа во минатата сезона. Во сите натпреварувања постигна 59 голови.















