Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долга беше потрагата по максимален договор на талентираниот центар Нерленс Ноел, но на крајот не заврши онака како што тој посакуваше.
Откако пред точно еден месец му беше понудено четиригодишен договор вреден 70 милиони кој тој го одби, денеска Нерленс Ноел потпиша едногодишен договор вреден 4 милиони долари.
Договорот има клаузула која вели дека играчот може да го продолжи договорот на уште една сезона по истекот на првата година.
Сепак, останува впечатокот дека Нерленс Ноел воопшто не сака да игра за Далас Маверикс на долг рок па затоа потпишува договор кој го врзува со клубот од Тексас на само една година. Веројатно по истекот на наредната сезона Ноел повторно ќе биде во потрага по максимален договор од некоја екипа.
Нерленс Ноел беше драфтуван од Филаделфија Сиксерс, но минатата сезона беше користен како замена на Џоел Ембиид, во кој раководството на Филаделфија има огромни надежи.