Нејмар нема право на збор: Неговиот спонзор се договара со Реал Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако го повреди стапалото на почетокот на месецот и нема да игра до крајот на сезоната, Нејмар замина на рехабилитација во Бразил и на пријателите им кажа дека нема повеќе намера да се враќа во Париз.

Трансферот во ПСЖ се одвиваше спротивно од неговите очекувања. Мислеше дека навивачите ќе го сакаат и дека ќе има голема борба за титулата, но тоа не се случи.

Во Париз се свесни за тоа, па не можат да го задржат. „Најк“ и „Адидас“ со години се во „војна“ за најдобрите светски клубови, па сега „Најк“ му ветува на Реал дека ќе го донесе Нејмар во нивните редови, ако европскиот шампион го раскине договорот со „Адидас“.