Нејмар откри кој играч од Реал го сака во Барса!

Нејмар беше прашан од новинар на CNN кој играч од најголемиот ривал Реал Мадрид сака да го виде во дресот на Барселона.

Нејмар се одлучи за Марсело, пријател и соиграч од репрезентацијата.

„Кога би бирал играч од Реал да игра со мене во Барса тоа би бил Марсело. Зошто не Роналдо? Бидејќи Марсело ми е многу добар пријател“

„Реал има доста сјајни играчи, би ги издвоил Роналдо, Бејл и Бензема. Против нив е секако тешко да се игра и затоа секоа Ел Класико со нетрпение го очекувам“ – вели Нејмар