До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Севиља Самир Насри соопшто дека нема повеќе намера да игра за Франција.
Насри игра во оваа сезона на позајмица во Севиља, а со одличните настапи повторно привлече внимание кај селекторот на Франција Дидиер Дешан.
Меѓутоа, Насри дресот на Галските петли не го интересира.
„Нема да се вратам во репрезентацијата ни мојот татко да е селектор. Тоа го реков 100 пати, а јас сум човек од збор. Кога нешто ќе кажам, тогаш е готово“, рече Насри.
Овој 29-годишен фудбалер за Франција одигра 41 меч, а постигна пет погодоци.















