До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус не се откажа од Марко Верати. Имено, им избега кога играше за Пескара, секое лето пробуваат, но ПСЖ ја спушти рампата.
Сепак, работите се променија, кај Емери Италијанецот не е незамнелив, па се почесто се зборува дека во наредното лето може да ја промени средината.
Каков е планот на Јувентус?
„Разговаравме, спремни се да направат се, но не е исклучено да понудат сума како за Игуаин“, рече агентот на италијанскиот репрезентативец и додека дека Баерн веројатно ќе направи исто, бидејќи Анчелоти многу го цени италијанскиот плејмејкер.
Од каде пари Јувентус?
Ова е најдобра деловна година, односно заработија најмногу пари било кога од маркетинг.
Покрај тоа може да продадат неколку играчи, како Лемина кој го сака Арсенал, Манџукиќ, но и Бонучи, Челси или Сити.
Тоа би било повеќе од доволно да го доведат Верати, кој го сметаат за фудбалер за иднината кој може да биде новиот Пирло.
Јувентус во оваа година работеше повторно позитивно, претседателот Ањели на акционерите вети продолжување на доминацијата, но и тоа дека Јуве сам ќе се финансира без дотација од фамилијарната фирма.
Ако навистина понудат огромни пари за Верати, јасно е дека успеела во намерата да парираат на англиските клубови и шпанските гиганти и ека можат да создадат застрашувачки добар тим и за наредната сезона.















