Не е Кејн, ниту Мбапе, но Реал доведува фантастичен напаѓач


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид бара замена за Роналдо, но не успеа да го доведе ниту Хари Кејн, ниту Нејмар и Мбапе, но затоа веројатно ќе дојде Родриго Морено.

Многу опции пропаднаа за Реал, а имаше навистина многу, за да на крајот клубот да се сврти кон „послабо“, но ниту малку лошо решение.

Се работи за Родриго, кој брилијираше минатата сезона во дресот на Валенсија, па клубот нема да го пушти така лесно.

„Ако Реал го сака Родруго, ќе мора да ја плати клаузулата од 120 милиони евра“, порача тренерот на Валенсија, Марселино.

Валенсија сепак би можела да прифати на помала понуда, а тоа би требало да биде околу 60 милиони евра. Родрго веќе играше во Реал во сезоната 2009/10 но не доби прилика за деби во првиот тим.