Не е тајна каде Бадељ сака да игра


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Хрватскиот играч за врска Милан Бадељ може лесно да заигра во дресот на Милан.

    Милан веќе некое време го следи Бадељ, а неговите претставници се загреани за премин на Сан Сиро и во јануари може да се случи трансфер.

    „Милан сега претставува прва опција за нас, но со доаѓањето на новите сопственици нема да знаеме дали Бадељ и понатака е нивна опција“, рече Дејан Јоксимовиќ, кој го застапува Хрватот.

    Тој рече дека, доколку не се случи трансфер во Милан, Бадељ ќе разгледува други понуди.

    Инаку Бадељ во Фиорентина дојде од ХСВ за четири милиони евра, а со Виолетовите има договор до 2018 година.