Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер утринава е поразен во 1/4 финалето на УС Опен од Дел Потро.
Федерер и пред почетокот на турнирот имаше проблеми со грбот и не влезе како 100% подготвен во истиот.
„Ова беше еден од оние натпревари во кои ако налетам на добар тенисер, ќе изгубам. Не бев негативен, но не бев ниту доволно подготвен. Зависев од противникот и не го сакам тоа чувство. Тоа ми се случуваше во текот на турнирот. Тоа чувство го имав кога влегував во секој натпревар“ – вели Федерер.
Тој оваа година освои 2 гренд слем титули, во Австралија и на Вимблдон.
На Роланд Гарос не играше, а во САД се појави без пораз на Гренд Слем турнирите оваа година, и со само три порази сезонава.
Федерер му честита на Дел Потро и им посака среќа на сите останати, а исто изјави и дека не му е местото во полуфиналето на УС Опен, барем не оваа година.