До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо истакна дека грешката на судијата кај првиот гол е како една од главните причини за поразот од Вотфорд.
Јунајед загуби со 3:1 на Викаризџ Роуд, што му е трет пораз по ред во само осум дена, втор во Премиер лигата.
„На мечот имаа влијание три фактори, а само еден од нив се може да се подобри. Први сме ние, се однесува на нашите индивидуални грешки и тимски грешки. Тоа е во наши раце. Другиот е судијата, на неговите грешки не можам да влијаам. Сите зборуваат за резултати, а не за смешната ситуација кај првото коло. Третиот фактор е среќа, ја немавме. Бевме подобар тим и загубивме. Уерљо Гомеш фантастично го одбрани шутот на Ибрахимовиќ со глава“, рече Мурињо.
Вотфорд поведе во 34 минута со голот на Етиен Капуе, после што домашните играчи одзедоа топка од десната страна од очигледниот прекршок над Антони Марсијал.
Маркус Рашфорд израмни во 62 минута, а победата на домашните ја донесе Хуан Зунига со голот во 83 минута и Трој Дини од пенал во 95 минута.
„Добро ја почнавме сезоната, имавме одлични резултати. Се чувстувам дека кога го загубивме првиот натпревар и бевме во тешка ситуација (Сити во минатата сабота), некои момци имаа проблем да се изборат со негативниот момент.
Видовме дека Ешли Јанг, неговата ментална сила и самодоверба која ја внесе во игра е нешто што повеќе играчи мораат да ја поседуваат“, заклучи Португалецот.
Јунајтед во среда гостува кај третолигашот Нортемптон во третото коло на Лига Купот, а во сабота го дочекуваат шампионот Лестер на Олд Трафорд.















