Не можат да се запрат во СЕХА – Нексе е новата жртва на Вардарци


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе со 27:30 за осма победа по ред во СЕХА лигата.

    Циндриќ и Шишкарев на стартот постигнаа два погодоци во серија за преземање на водството, 2:3. Набрзина Вегар и Гаџа вратија со иста мерка, 4:3. Првото поголемо водство на ракометарите на Нексе го видовме во осмата минута кога Зрниќ постигна два погодоци во серија, 6:4. Вегар, Баришиќ и Ненадиќ со своите погодоци му донесоја водство на Нексе од 10:6. Следуваа пет погодоци во серија на ракометарите на Вардар(2 Циндриќ, 1 Фереира, 1 Македа, 1 Канељас) и македоскиот шампион го презеде водството, 10:11. Со двата погодоци на Циндриќ и еден на Шишкарев во серија Вардарци стигнаа до три погодоци предност, 11:14. До крајот на првиот дел гостите направија уште една голема серија со погодоците на Стоилов, Шишкарев, Македа и Канељас за големо водство, 12:18. На полувреме Вардарци заминаа со предност од пет погодоци, 13:18. Во вториот дел се играше гол за гол. Пред последните десет минути од натпреварот ракометарите на Вардар имаа 23:28. Зрниќ и Павлетиќ на две минути до крајот на натпреварот ја намалија предноста на Вардар на три погодоци и ги поставија конечните 27:30.

    Лука Циндриќ го предводеше Вардар до победа на овој натпревар со 9 погодоци. Данил Шишкарев го заврши натпреварот со 6 погодоци, Хорхе Македа постигна 5, а Жоан Канељас 4 погодоци. Зрниќ и Вегар одиграа одличен натпревар во тимот на Нексе и натпреварот го завршија со по 8 погодоци.

    Вардар стигна до осмата победа во низа во СЕХА лигата. Македонскиот шампион останува непоразен оваа сезона.