„Не можев да спијам после поразот од Јужна Кореја“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија ја шокираше фудбалската јавност откако не успеа да ја помине групната фаза во Русија.

Германците дојдоа на ова Светско како прваци, но од ова натпреварување се опростија после групната фаза. Овој резултат никој не го очекуваше.

Фудбалерот за врска, Сами Кедира, после враќањето во Германија изјави дека сеуште не може да верува дека неговиот тим излезе после групната фаза. Тој откри дека не можел да заспие после поразот од Јужна Кореја.

„Никој од играчите на Мундијалот не дојде во топ форма, но не сакам сега да ги критикувам своите соиграчи. Мојата игра беше неприфатлива. Во Јувентус ја имав веројатно најдобрата сезона во животот, а потоа дојдов на Светското и играв очајно против Мексико и Кореја. После натпреварот со Кореја пробав да спијам, но не можев и постојано се будев. Чуствувам голем бол кој сеуште трае. Нереално ми е што турнирот трае уште две недели, а ние сме дома“, изјавил Кедира.