„Не ни треба Белоти, се сомневам дека ќе биде голем играч“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреа Белоти во неделата постигна нови три гола за Торино и моментално е најдобар стрелец во италијанската Серија А.

Белоти во неделата дојде до својот 22 гол во Серија А и така позади себе ги остави Един Џеко и Гонзало Игуаин кои во досегашниот дел од сезоната постигнаа по 19 голови.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Белоти се наоѓа на мета на Јувентус, но директорот на Старата Дама, Џузепе Марота, жестоко ги демантираше овие наводи.

„Белоти покажа дека е одличен напаѓач кој знае да забива голови. Тој доста ветува, но Торино веќе има таков играч, Чиро Имобиле. Тој отиде во Дортмунд па во Севиља и покажа дека не е голем играч како што мислевме.

На Белоти му посакувам се најдобро, но мислам дека дека ќе се покаже исто како и Имобиле“, рече директорот на Јувентус.

Напаѓачот на Торино неодамна го продолжи договорот со оваа екипа, и во него има откупна клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Италијанските медиуми веруваат дека на крајот на сезоната ќе се појави клуб кој ќе се биде спремен да го плати тој износ за овој одличен напаѓач.