„Не сакав да ризикувам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кеи Нишикори денеска се повлече од турнирот во Мадрид.

„Мојот зглоб не е сеуште опоравен како што треба. Не сакав да ризикувам. Не сакам многу да ја оптеретувам мојата рака. Сакам целосно да се вратам подготвен и сакам повторно да се борам во секој меч“ – вели Нишикори.

Нишикори денеска требаше да игра 1/4 финале со Новак Ѓоковиќ но пред почетокот го предаде натпреварот.

„Ќе земам неколку дена одмор, сакам да се подготвам за турнирот во Рим наредната недела, како и за гренд слемот во Франција. Планирав да играм во Рим но сепак ќе размислам, повеќе ми е важен Роланд Гарос“ – додаде Нишикори.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од Рафаел Надал и Давид Гофан.