Не сакав никого да навредам“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Томас Милер се обрати на медиумите после фантастичниот и сега веќе култниот одговор на ФС Сан Марино на неговото непочитување на нивната репрезентација.

    Германија победи со 8:0 во квалификациитер за СП.

    Милер рече дека тим како Германија не мора да игра вакви натпревари, а доби одговор во 10 точки кои буквално го воодушевија светот.

    „Мојата изјава се однесуваше исклучиво на ризик од повреда, а не на спортската вредност од мечот со Сан Марино. Медиумите, како и обично, се тоа погрешно го пренесоа, а друштвените мрежи полудеа и се отиде надвор од контрола. Го почитувам одговорот на Сан Марино и се надевам дека сега е вратено почитуваањето од двете страни“, напиша Милер на својата фејсбук страна.

    Милер додаде и тоа дека ова не значи дека ќе прекине да иснесува свое мислење во иднина, дури и во случај да е непријатно за некој.