Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан и Луис Енрике изнесоа свое видување на работите во пресрет на дуелот Реал и Барселона на Сантијаго Бернабе.
Двата најголеми шпански клубови ќе играат утре навечер во Мадрид, Лос Бланкоси имаат три бода повеќе и натпревар помалку, а во случај да останат непоразени најверојатно ќе го направат одлучувачкииот чекор кон освојување на титулата шампион.
Иако Кралскиот клуб несомнено е во подобра форма од најголемиот ривал, иако игра пред својата публика, Зинедин Зидан не ја прифаќа улогата на фаворит.
„Не сме фаворити. Ни останаа уште седум финалина. Првото е утре“, изјави Зидан.
И Луис Енрике Ел Класико го оцени како финале.
„Мораме да останеме доследни на својот стил. Мораме да ги искористиме своите шанси. Овој Ел Класико е за нас финале“, рече Лучо.