Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Ники Хејден официјално барем на кратко ќе се врати во МОТО ГП.
10 години после освојувањето на титулата, америчкиот возач ќе вози за Марк ВДС Хонда и ќе го замени повредениот Џек Милер.
„Едноставно ги сакам моторите и сакам да се натпреварувам. Еден повик беше доволен. Ќе пробам да не се оптеретувам и да уживам“, изјави Хејден.
Тој моментално вози во Супербајк, а да не ги имаше повредите сигурно ќе беше блиску до освојување на уште една титула.