До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид Касемиро рече денеска дека не би можел да направи сличен потег како неговиот прославен сонародник Роналдо и да заигра за двата најголеми клубови во Шпанија.
Одличниот играч за врска изјави дека не постојат пари за кои би преминал во Барселона, најголемиот ривал на кралскиот клуб.
„Никогаш не би играл за Барселона бидејќи навивам само за Реал во Шпанија. Реал е поголем клуб отколку што мислев. Ми се допаѓа да бидам дел од него и што работам во таква атмосфера. Се трудам да напредувам уште повеќе, Реал е живот“, рече Касемиро за шпански „Одан Церо“,
Касемиро се избори за свое место во тимот под водство на Зинедин Зидан, а во минатата сезона имаше значајна улога во походот на 11 титула шампион на Европа.
Тој во 2012 година дојде во Реал од Сао Паоло, играше и на позајмица во Порто.















