Никогаш полош Јунајтед на Олд Трафорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако најсилното фудбалско натпреварување во Англија го носи името Премиер лигата процентот на победи на Црвените ѓаволи никогаш не бил послаб во тековната сезона.

Тимот на Мурињо доби само 40 % од првенствените дуели на Театарот на соништата во досегашниот тек од сезоната.

Од вкупни 15 мечеви, Ѓаволите триумфираа само шест пати, осум пати ремизираа и еднаш се поразени.

Единствена екипа која во оваа сезона го однесе целиот плен од Олд Трафорд е Манчестер Сити. Тоа градски дерби е одиграно во септември, завршен е со резултат 1:2.

Бод сезодоа Стоук (1:1), Барнли (0:0), Арсенал (1:1), Вест Хем (1:1), Ливерпул (1:1), Хал (0:0), Бурнмут (1:1) и Вест Бромвич Албион (0:0).

Интересно е дека Манчестер Јунајтед најубедливи победи пред своите навивачи во оваа сезона забележа против актуелниот шампион Лестер (4:1), и а ги совлада уште Саутемптон (2:0), Тотенхем (1:0), Сандерленд (3:1), Мидлзборо (2:1) и Вотфорд (2:0).

Интересен е податокот дека Ѓаволите имаат помалку порази во досегашниот тек на сезоната од лидерот на Челси, но покрај тоа имаат дури 16 бодови помалку, додуша, со натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore LiveScore