До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид со дури 5:1 ја испрати Легија од дома, а во листата на стрелците не се запиша Кристијано Роналдо.
Тоа е можеби и загрижувачки, но во прв план беше друг фудбалер.
Се работи за одличниот Марко Асенсио, кој постигна погодок на своето деби во најелитното клупско натпреварување.
Инаку, ова е дури трето натпреварување каде што на своето деби постигна погодок.
Имено, претходно погодуваше на своето деби во Суперкупот на Европа, Примера и сега Лигата на шампионите.















